Победи на Германија и Италија, реми на Холандија и Шпанија

Фудбалските селекции на Германија, Италија, Белгија и Полска остварија победи во средата во пријателски натпревари, додека во дуелот кој вечерва предизвика најголемо внимание Холандија и Шпанија одиграа без победник 1:1.

Германија во Лајпциг ја совлада Чешка со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Лука Валдшмид уште во 13 минута.

Белгија ја победи Швајцарија со 2:1, правејќи реузлтатски пресврт во второто полувреме. Гостите поведоа во 12 минтуа со голот на Адмир Мехмеди, но домашни во вториот дел постигнаа два погодока а стрелец и на двата беше Миши Батсшуаи во 49 и 70 минута.

Холандија и Шпанија во Амстердам одиграа 1:1. „Црвената фурија“ стаса до предност во 19 минута со голот на Серхио Каналес, а израмни Дони ван де Беек во 47 минута.

Полска на свој терен со 2:0 славеше над Украина. Но гостите при резултат 0:0 имаа најстрога казна која не успеа да ја реализира Андриј Јермоленко во 12 минута. Победата на Полска ѝ ја донесоа Криштоф Пјатек во 40 и Јакуб Модер во 63 минута.

Италија немаше проблеми против Естонија остварувајќи победа од 4:0. Голвите ги постигнаа Грифо во 14 и 75 минута од пенал, Бернадески во 27 и орсолини во 86 минута повторно од пенал.

Албанија во Елбасан го порази Косово со 2:1. Стрелци за Албанија беа Беким Белај во 21 и Мирто Узини во 65 минтиа, додека стрелец за Косово беше Ведат Муричи во 85 минута од пенал.

Грција во Атина со идентичен резултат 2:1 го победи Кипар. Домашните поведоа со 2:0 до 17 минута, а стрелци беа Кристос Џолис во 8 и Јоргос Јакумакис во 17 минута. До крајот на мечот поразот на гостите го ублажи Мариос Илие во 58 минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.