Победи на Кливленд и Голден Стејт

Леброн Џејмс ноќта кон петокот го постигна 59-от „трипл-дабл“ во кариерата помогнувајќи има на своите Кливленд Кавалирс на домашен терен со 121:112 да ги совладаат Лос Анџелес Лејкерс.

Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 25 кошови, 12 скокови и 12 асистенции, што му овозможи да се изедначи со легендата на Бостон Селтикс, Лари Бирд, на шестото место на листата со „трипл-дабл“ учинок на сите времиња.

Кевин Лав постигна 28 поени и Кливленд Кавалирс ја забележаа 16-та победа во 17-от натпревар. Лав погоди 13 кошови во третата четвртина кога Кавс создадоа предност од 11 поени. Хозе Калдерон додаде 17 поени за Кливленд.

Најдобар кај Лос Анџелес Лејкерс беше Брендон Инграм со 26 погодоци, а Лонзо Бол додаде 13 кошови со 10 асистенции и 8 скокови.

Голден Стејт Вориорс лесно со 112:97 беа подобри дома од Далас Маверикс, а до победата ги предводеше Кевин Дјурант со 36 кошови, 11 скокови и 7 асистенции. Клеј Томпсон додаде 25 поени, погодувајќи пет „тројки“ од пет обиди.

Вориорс, кои синоќа играа без Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Заза Пачулиа, се одлепија од противникот во третата четвртина.

Далас беа предводени од Дирк Новицки со 18 кошови и 9 скокови, а Харисон Барнес додаде 16 кошови и 7 скокови.