Победи на Лацио и Наполи

Фудбалерите на Лацио и Наполи забележаа победи во 11-то коло до италијанската Серија А,м додека, со што остануваат на врвот односно при врвот на табелата.

Наполи го задржа врвот на табелата со домашната победа против Сасуоло од 3:1, па наполитанците и натаму имаат три бода повеќе од Јувентус и Лацио. Алан во 22, Хозе Каљехон во 44 и Дрис Мартенс во 54 минута беа стрелци за Наполи, додека за гостите изедначи во 41 минута Диего Фалкинели. Сасуоло останува на 17-то место со 8 бодови.

И Лацио ја продолжи серија победи демолирајќи го со 5:1 новиот прволигаш Неневенто, кои сѐ уште и по 11-то коло нема ниеден бод. Римјаниве веќе по првото полувреме водеа со 3:0, а со деветтата победа имаат 28 бодови, колку и вториот Јувентус, додека Наполи е пред нив со 31 бод. Стрелец за домашните беше Ашраф Лазаар во 55 минута, додека Лациу поведе уште во 4 минута преку Бастос, потоа во 13 минута прецизен беше Чиро Имобиле, а Адам Марусич зголеми на 3:0 во 24 минута. Во вториот дел голови постигна аи Марко Пароло во 76 и Нани во 86 минута.

Удинезе дома со 2:1 ја совлада Аталанта, со пресврт. Гостите од Бергамо поведоа преку Јасмин Куртич во 29 минута, додека домашните изедначија во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме од пеналот што го реализираше Родриго Де Паул, а победата ја донесе Антонин Барак во 68 минута. Удинезе е 13-ти со 12 бодови, додека Аталанта е 9-та со 15 бодови.

Сампдорија со 4:1 го порази Киево, кој успеа само да изедначи во 24 минута преку Фабрицио Качјаторе. За домашните, пак, стрелци беа Карол Линети во 20, Лукас Тореира во 26 и 85 минута, а во меѓувреме во 44 минута погоди и Дуван Запата. Сампдорија е 6-та со 20 бодови, додека Киево е на средина од табелата – 10 место со 15 бодови.

Во дуелот на тимовите кои ќе се борат за опстанок СПАЛ со 1:0 ја совлада Џенова, а стрелец беше Мирко Антенучи во 56 минута. СПАЛ сега има 8 бодови и излезе од зоната којашто директно води во понизок ранг – на 16-то место е, додека Џенова останува закована на претпоследното 19-то место со 6 бодови.

Кротоне со два брзи гола на Анте Будимир во 17 и Марчело Трота во 18 минута поведе против Фиорентина којашто успеа само да намали во 44 минута преки Марко Бенаси. Кротоне дојде до бодови кои многу му значат за опстанокот, сега има 9 и е на 15-то место, додека Фиорентина пропушти можност да се одлепи од Милан кој во сабота дома беше поразен од Јувентус, па остана на 16 бодови на 7-то место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.