Победи на Лајпциг и Борусија М

Тимо Вернер, РБ Лајпциг

Фудбалерите на РБ Лајпцијг и на Борусија Менхенгладбах остварија важни победи во борната за позициите кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.

РБ Лајпциг на својот терен рутински го победи Волфсбург со 2:0. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а стрелци беа Кевин Кампл во 16 и Тимо Вернер во 28 минута. Лајпциг моментално е на третото место со 58 бодови, пет односно шест бодови помалку од втората Борусија Дортмунд и водечкиот Баерн Минхен кои имаат меч помалку од 29-то коло. Волфсбург, пак, е осми со 45 бодови.

Борусија Менхенгалдбах на гости со голот на Рафаел во 54 минута го совлада Хановер. Борусија М е четврта е петта со 51 бод, еден помалку од четвртиот Ајнтрахт кој го држи последното место кое води во квалификациите во Лигата на шампионите. Хановер со само 14 бодови, е последен 18-ти и заостанува седум бодови од местото кое преку бараж нуди опстанок во Бундеслигата.

Со идентечен резултат Баер Леверкузен на гостувањето го порази Штутгарт, а решавачкиот гол го постигна Каи Хавер од пенал во 64 минута. Домашните во судиското продолжение останаа и со играч помалку, откако беше исклучен Сантијаго Аскасибар. Баер Леверкузен моментално е 7-ми со 45 бодови, а Штутгарт е 16-ти со 21 бод и му претстои борба за зачувување на прволигашкиот стату.

Вердер и Фрајбург одиграа меч со вобудлива завршница а славена домашните со 2:1. Класасен го доведе во водство Вердер во 76 минута, а Габре Селасие во 85 минута зголеми на 2:0, а Валдшмид намали во третата минута од судиското продолжение. Вердер е шести со 46 бодови, а Фрајбург е 13-ти со 32 бода.

Претходно во петокот Нирнберг и Шалке ремизираа 1:1, а вечерва играат Борусија Дортмунд и Мајнц.

Во недела на програмата се дуелите Хофенхајм – Херта, Фортуна- Баерн и Ајнтрахт – Аугсбург.