Победи на Ленс и Ница

Во средбите од шестото коло од Француската лига Ленс дома победи против Сен Етјен со 2:0, а Ница на својот стадион гo победи Нант со 2:1.

Сен Етјен остана со играч помалку во 14 минута Тимоте Колоџејжак, а во истиот напад реализираше пенал Гаел Какута. Во второто полувреме во 64 минута гостите останаа без уште еден играч, откако „поцрвене“ Ваби Казри, што го искористија домашните да го удвојат водството во 81 минита прекu Флоријан Сотока.

Ленс со 13 бодови е втор на табелата зад Рен кој има ист број бодови но и меч помалку, а трет е актуелниот шампион ПСЖ со 12 бодови од шест натпревари. По добриот старт на првенството Сен Етјен нанижа два пораза во низа и сега е 7-ми со 10 бодови.

И на дуелот во Ница гостите од Нант останаа со игреч помалку многу рано, веќе во третата минута беше исклучен Андеј Гирото. Бројната надмоќ во поле домашните ја искористија во 27 минута кога по изведен корнер од заднина се уфрли Данте и со глава ја затресе противничката мрежа. Гостите иако помалубројни успеаја да израмнат во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме преку пеналот кој го реализираше Имран Лоуза. Сепак, настојувањата на домашните во вториот дел беа крунисани со голот на Кепрен Турам во 62 минута.

Ница ги одигра сите шест напревари во кои собра 10 бодови и го зазема 8-то место, а Нант е 15-ти со пет бодови.

Во петокот во првиот меч од колото ПСЖ со 6:1 го декласираше Анже кој остана на девет бодови и на 9-то место.

Во недела на програмата се натпреварите: Монпелје – Нимс, Стразбур – Лил, Мец – Лориент, Брест – Монако, Бордо – Дижон, Рен – Ремс, и дербито Лион – Марсеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.