Победи на Лестер и Тотенхем, домашен кикс на Јунајтед

Фудбалерите на Лестер и Тотенхем впишаа победи, а Манчестер Јунајтед впиша неуспех на својот „Олд Трафорд“, во дуелите од 24-то коло на англиското првенство кои беа играни во средата.

Тотенхем многу потешко од очекуваното на свој терен само со 2:1 го совлада џенерџијата Норич, и ова е првиот првенствен триумф во 2020-та. Водството на „Спарс“ го донесе Деле Али во 38 минута, а за гостите од пенал во 70 минута израмни Теему Пукки. Победата на тимот на Жозе Мурињо го доенсе Сон Хеунг-мин во 79 минута.

Со победата Тотенхем моментално е шести со 34 бодови, а Норич Сити е последен 20-ти со 17 бодови, шест помалку од местата кои гарантираат опстанок во Премиер лигата.

Лестер, исто така, на свој терен со 4:1 го совлада Вест Хем. Двоен стрелец беше Ајозе Перез во 81 минута од пенал и во 88 минута, а претходно погодија Харви Барнс во 24 и Ригардо Домингос Барбоса Переира во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме. За гостите стрелец беше Марк Нобл во 50 минута од пенал.

Лестер сега е трет со 48 бодови, три помалку од второпласираниот Манчестер Сити, а дури 16 зад водечкиот Ливерпул кој има и два меча помалку. Вест Хем Јунајтед, пак, е 17-ти со 23 бодови и е во опасната зона за испаѓање.

Во последниот натпревар во средата, Манчестер Јунајтед со 0:2 беше поразен пред своите навивачи од Барнли. Стрелци за гостите беа Крис Вуд во 39 и Џеј Родригез во 56 минута.

И покрај поразот Манчестер Јунајтед остана на петтата позиција на табелата во групата екипи со по 34 бодови, во која се уште и Тотенхем и Вулверхемптон кој има и меч помалку. Барнли, пак, е сега 13-ти во групата екупи со по 30 бодови.