Победи на Лил, ПСЖ и Лион, пораз на Монако по 13 кола

Водечкото трио во француското фудбалско првенсво Лил, Пари Сен Жермен и Лион остварија победи во средбите од 28-то коло на Ле Шамионат, додека Монако загуби на гостувањето кај Стразбур впишувајќи го првиот првенствен пораз по 13 кола.

Лил со двата погодока на Џонатан Давид во последните моменти го победи Олимпик Марсеј со 2:0. Канадскиот напаѓач погоди за водство во 90 минута, а по две минути ја потврди победата на домашните.

ПСЖ на гостувањето кај Бордо победи со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Пабло Сарабија во 10 минута.

Лион со идентичен резултат доа го совлада Ренс, а трите бодови на „Лавовите“ им ги донесе Хусем Ауар во 74 минута.

Монако загуби на гостувањето кај Стразбур примајќи погодок во судиското продолжение, а стрелец беше Фредерик Гуилбер. Ова беше првиот пораз на екипата од Кнежевството по тринаесет кола.

РЕЗУЛТАТИ:
Брест – Дижон 3:1
Лион – Рен 1:0
Мец – Анже 0:1
Ница – Ним 2:1
Сент Етјен – Ленс 2:3
Бордо – ПСЖ 0:1
Лил – Марсеј 2:0
Монпелје – Лориент 1:1
Нант – Ремс 1:2
Стразбур – Монако 1:0

 

ТАБЕЛА

1. Лил 28 18 8 2 49 17 62
2. ПСЖ 28 19 3 6 62 17 60
3. Лион 28 17 8 3 56 25 59
4. Монако 28 17 4 7 56 38 55
5. Ленс 28 12 8 8 42 39 44
6. Мец 28 11 8 9 33 27 41
7. Монпелје 28 11 7 10 44 47 40
8. Марсеј 27 10 9 8 34 32 39
9. Анже 28 11 6 11 33 42 39
10. Рен 27 10 8 9 33 31 38
11. Ница 28 10 5 13 35 40 35
12. Ремс 28 8 10 10 34 35 34
13. Брест 28 10 4 14 42 50 34
14. Стразбур 28 9 6 13 36 41 33
15. Бордо 28 9 6 13 28 34 33
16. Сент Етјен 28 7 9 12 29 42 30
17. Лориент 28 7 6 15 34 52 27
18. Нимс 28 7 4 17 27 54 25
19. Нант 28 4 12 12 28 44 24
20. Дижон 28 2 9 17 19 47 15