Победи на Нигерија и Уганда на африканското првенство

Откако во петокот на отворањето на Африканското првенство домаќинот Египет славеше над Зимбабве со 1:0, во саботата до победи дојдоа и селекциите на Уганда и Нигерија.

Уганда во Групата А во Каиро го победи Конго со 2:0, а за првата победа на завршните турнири на афиканскиот шампионат по дури 41 година, заслужби беа Патрик Каду и Емануел Окви кои беа стрелци во 14 односно 48 минута.

Во Групата Б во Алесандрија, Нигерија славеше против Бурунди со 1:0, а победоносниот гол го постигна Одион Игало во 77 минута.