Тимот на Еуро Никел стигна до шестата победа во сезоната откако во 11. коло беше подобар од Академија ФМП со 92:63.
Најрасположен во победничкиот беше Планиниќ со 15 поени и осум скока, на спротивната страна до дабл-дабл од 19 поени и 12 скока стигна Коскоски.
Лесна победа забележа и Работнички кој на гости кај Кожув славеше победа од 85:110. Во текот на целиот натпревар гостите беа подобар противник и од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста. Треба да се каже дека за Работнички ова е седми натпревар во низа на кој постигнува повеќе од 100 поени.
Јузбашиќ беше лидер на Кожув со 31 поен и 11 скока, додека Џексон за Работнички уфрли 21 поен и додаде шест асистенции.
Најнеизвесниот натпревар во денешната програма го одиграа Чаир 2030 и Стрмуца, а на крајот славеа чаирчани со 97:92.
Неизвесно беше во најголем дел од средбата, а како клучна се покажа четвртата четвртина во која Чаир направи серија од 7:0 со што ја презема иницијативата и не ја испушти преднсота до крајот.
Френклин одигра одличен натпревар за Чаир со 36 поени и 8 скока, додека Крстајиќ ја предводеше Струмица со 26 поени, девет скока и шест асистенции.