Победи на Јувентус и Лацио во Серија А

Juventus FC vs Genoa FC at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 5 december 2021 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус немаа тешка задача во неделата во 16-то коло од италијанското првенство и со 2:0 ја совладаа слабада Џенова, и во моментов скокнаа на петтото место на табелата.

Торинската „Стара дама“ повторно не блесна, но ја совлада Џенова, за која последните повеќе од половина час ги одигра Горан Пандев а која со само една првенствена победа сезонава е на 10 бодови во зоната на испаѓање. Јуве поведе веќе во 9 минута преку Хуан Квадрадо, а мечот и формално беше решен дури во 82 миута, кога конечните 2:0 ги постави Паоло Дибала.

Јувентус е петти со 27 бодови, и бодовно во моментов многу заостанува зад водечката четворка која ја сочинуваат водечкиот Милан со 38, вториот Интер со 37, третопласираниот Наполи со 36 и четвртата Аталанта со 34 бодови, која го затовора кругот патници во Лигата на шампионите.

Лацио со 3:1 ја добо на гости Сампдорија, а сѐ беше решено по првото пполувреме кога римскиот тим имаше предност од 3:0. Двоен стрелец за „Небесносините“ беше Чиро Имобиле во 17 и 37 минита, откако резултатот го отвори Сергеј Милинковиќ-Савиќ со погодок во 7 минута. А српскиот играч во 67 минута беше исклучен од игра, што им овозможи на домашните преку Маноло Габијадини во 89 минута да дојдат до почесниот погодок.

Лацио сега се врати на осмата позиција со 25 бодови, колку што има и градскиот ривал Рома едно место погоре на табелата, а Сампдорија остнаа на 15-то место со исто толку бодови, пет повеќе од опасната зона.

Најинтересниот меч ова коло беше одигран во Венеција, каде што домашните по половина час игра имаа водство од 3:0, но гостите од Верона во вториот дел направија голем пресврт и со четири погодоци ги однесоа бодовите.

Венеција до убедливото водство стаса со головите на Пјетро Чекарони во 12, Домен Чрнигој во 19 и Тома Анри во 28 минута. Но Анри веќе во 52 минута ја погоди и сопствената мрежа, а колата на домашните тргна низбрдо дефинитивно кога стрелецот Чекарони поради играње со рака беше исклучен од игра, а веќе во 65 минута од пенал на 2:3 намали Џанлука Капрари. Играч на мечот кај Верона повторно беше Аргентинецот Џовани Симеоне кој ги постигна следните два гола во 67 и 85 минута за важна гостинска победа.

Верона сега е десетта со 23 бодови, со можност следните кола да се вмеша во борба за место во еден од двете послаби европски натпреварувања, а Венеција остана 16-та со 15 бодови.

Фиорентина на гости со 3:2 ја победи Болоња впишувајќи ја третата победа во последните четири лигашки дуели. Стрелци за домашните беа Муса Баров во 42 и Арон Хики во 83 минута, а за гостите погодија Јусеф Малех во 33, Кристијано Бираги во 51 и Душан Влаховиќ во 67 минута од пенал. За Влаховиќ ова е 13-от погодок сезонава со што е водечкиот стрелец во Серија А, а со тоа дојде и до 30-от првенствен погодик досега во целата календарска 2021 година.

Фиорентина со 27 бодови е израмнета со Јувентус но е шеста на табелата поради послабата гол-разлика, а Болоња остана на 24 бодови и падна на деветтото место.