Победи на водечката петорка во италијанската Серија А

Фудбалерите на Јувентус, Наполи, Рома, Лацио и Милан забележаа победи во средбите од 10-то коло од италијанското фудбалско првенство кои се играа во средата.

Наполи на гостувањето ја совлада Џенова со 3:2, постигнувајќи ја деветтата победа оваа сезона. Домашните поведоа во 4 минута преку Адел Таарабт, но Наполи направи пресврт со головите на Дрис Мартенс во 14, 30 и 62 минута. Армандо Ицо во 76 минута намали за 2:3, но Џенова повеќе немаше сили и за трет гол.

Јувентус рутински стигна до бодовите победувајќи го СПАЛ со 4:1, иако гостите во еден момент се заканија намалувајќи на 2:1. Головите за Јуве ги постигнаа Филипо Бернадески во 13, Паоло Дибала во 22, Гознало Игуаин во 67 и Хуан Квададро во 70 минута, додека стрелец за гостите беше Алберто Палоши во 34 минута.

Милан по четири натпревари без победа конечни најде жртва, го совлада Киево на гости со 4:1. Стрелци за миланските „црвено-црни“ беа Сусо во 36, Боштјан Церар постигна автогол во 2 минута, Хакан Чаланоглу погоди во 55 и Микола Калинич во 64 минута, а за Киево во 62 инута гол постигна Валтер Бирса.

Рома со тешки напори го порази Кротоне само со 1:0, и тоа со голот кој уште во 10 минута од пенал го постигна Диего Пероти.

Фиорентина, пак, многу полесно од очекуваното со чисти 3:0 го совладаТорино. Головите за „виолите“ ги постигнаа Марко Бенаси во 29, Џовани Симеоне во 66 и Куома Бабакар во 75 минута од пенал. Гостите од 74 минута играа без исклучениот Антонио Барака.

Лацио на гостувањето со 2:1 ја совлада Болоња. За гостите прецизни беа Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 4 и Сенад Лулиќ во 28 минута, а за домашните голот го постигна Лулиќ кој ја погоди сопствената мрежа.

Удинезе на гостувањето го победи Сасуоло во 1:0, со голот на Антонин Барак во 32минута.

Аталанта со 3:0 ја победи Верона, а стрелци беа Фрулер во 50, Иличиќ во 59 и Куриќ во 75 минута.

На табелата води Наполи со 28 бодови, Интер има 26, а Јувентус и Лацио по 25 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.