Победи на Вориорс, Селтикс и Нетс

Ноќта кон вторникот во НБА лигата беа одиграни три натпревара во коишто Голден Стејт Вориорс ги совладаа Мајами Хитс, Бруклин Нетс беа подобри од Феникс Санс, а победа забелажаа Бостон Селтикс над Атланта Хоукс.

Актеулниот шампион во најсилната кошаркарска лига на светот Голден Стејт Вориорс со 97:80 беше подобар од Мајами Хитс, а Кевин Дуран за победата постигна 21 кош со 8 скокови. Драјмон Грин постигна 18 погодоци од кои 4 за „тројка“, со 9 скокови за седмата победа на Вориорс во последните осум натпревари. Стеф Кари додаде 16 поени, а Клеј Томпсон 13 кошови. Кај Мајами најдобар стрелец беше Џејмс Џонсон со 21 кош, додека Горан Драгич постина 19 поени.

Бостон Селтикс со 110:107 славеа против Атланта Хоукс, што за нив е деветтата последователна победа. Кајри Ирвинг беше најефикасниот играч кај Селтикс и на натпреварот со 35 поени и неговат „тројка“ на минута и пол до крајот ги доведе до водство од 104:103 кое не го испуштија до крајот на мечот. Џејсон Татум додаде 21 кош, Ал Хорфорд уфрли 15 кошови со 9 скокови и исто толку асистенции за Бостон. Денис Шредер ги предводеше Хоукс со 23 кошови.

Бруклин Нетс благодарејќи на добрата одбрана со 98.92 ги совладаа Феникс Санс. Д’Анџелор Расел постигна 13 од вкупно 23-те поени во последната четвртина за победата на Бруклин, додавајќи притоа 8 асистенции. Нетси со одличната одбрана ги ограничија шутот од поле на Феникс на само 34,9 отсто.

Санс, инаку, успеаја да надоместата заостанување од 15 кошовои од првото полувреме и да поведат со 75:74 по полагањето на Џаред Дадли на малку повеќе од девет минути до крајот. Но потоа Нетс влегоа во серија, а Расел постигна 8 од 12-те поени во неа за повторно преземање на водството.

Кај Санс најдобар беше Ти Џеј Ворен со 20 кошови, а Девин Букер додаде 18 поени.