Поборниците за независноста на Каталонија на чекор до парламентарно мнозинство

© AP Photo/Emilio Morenatti

Партиите кои бараат независност на Каталонија од Шпанија се на чекор од добивањето мнозинство пратенички мандати во каталонскиот парламент по вонредните избори одржани во четвртокот, покажува излезната анкета на барселонскиот дневен весник La Vanguardia.

За просто мнозинство во парламентот се потребни 68 од 135 пратеници , а трите партии за независност кои одвоено излегоа на изборите може да добијат меѓу 67 и 71 мандат, покажува анкетата спроведена еден час пред во 20 часот да бидат затворени избирачките места во Каталонија.

Најмногу гласови добиле партиите на центарот „Граѓани“ (Ciudadanos), којашто го поддржува единството на Шпанија и Каталонската републиканска левица (ERC) која бара отцепување. Првата може да има меѓу 34 и 37 пратеници, а втората меѓу 34 и 36 мандати.

Станува збор за телефонска анкета која во 19 часот на примерок од 3.200 избирачи го спровела компанијата за испитување на јавното мнение GAD3 за La Vanguardia. Излезни анкети на овие избори нема. Се очекува неизвесен резултат, па анкетата треба да се земе со резерва.

Анкетата покажува дека 84 отсто избирачи излегле на изборите, што би било историски висок одѕив во оваа североисточна шпанска покраина.

Третата партија според освоените гласови во анкетата е коалицијата Заедно за Каталонија, чиј член е Каталонска европска демократска партија (PDeCAT), на отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон, кој се наоѓа во егзил во Белгија. Според анкетата, неговата партија би можела да има 28 или 29 пратеници.

Следи Социјалистичката партија на Каталонија (PSE), која е покраински огранок на шпанската социјалистичка партија PSOE, а потоа партијата Catalunya en Comú-Podem којашто е каталонски ограник на левичарската Podemos. Антикапиталистичките заговорници на независноста Кандидатура на народното единство (CUP) би можела да има 7 или 8 пратеници, а шпанската владејачка конзервативна Народна партија (PP) на шпанскиот премиер Маријано Рахој, би можела да има 3 до 5 пратеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.