Побудалени обожаватели: Го тужат Сулејман бидејќи си го убил синот

Обожавателите на сапунските опери толку многу се соживуваат со животот на филмските ликови, па дури ја мешаат реалноста со филмското платно.

Во Турција  хаос по емитувањето на  епизодата од серијата „Величествениот“, во која по наредба на Сулјман умира принцот Мустафа. Разочараните гледачи им пишуваат на продуцентите, им се закануваат, ги тужат, па дури и бараат оштета за душевна болка.

„Можевме да го спасиме Мустафа! Каков е тој маж што мирно гледа додека му го дават синот“, вели еден обожавател кој веќе ангажирал адвокати кои на судот во Истанбул ќе покренат обвинение.

На социјалната мрежа Фејсбук  продуцентите добиле повеќе од 150 000 пораки, а сцената со давењето била толку драматична што го насолзила и Халит Ергенич, кој како Сулејамн требало да глуми ладнокрвност.

„Кога Мустафа рече „Татко“, не можев да се воздржам. Заплакав и моравме да снимиме од почеток“, признава главниот актер.

Продуцентите велат дека очекувале бурни реакции затоа што сцената во која таткото го осудува синот на смрт била мноу потресна, но вистинска тужба за убиството навистина ги шокирала.

Обожавателот на серијата Хасан Кос  толку се вознемирил поради смртта на принцот, така што од Халит ќе бара оштета за душевната болка која ја доживеал гледајќи ја драматичната епизода од историската серија. Тој смета дека актерот е директно одговорен за смртта на ликот.

„Обожавателот го изгубил допирот со стварноста. Тој е убеден дека ликовите денес живеат и не може да му се докаже дека станува збор за минатото и за серија“, велат продуцентите.

Да потсетиме дека истото се се случување и кај нас, пред повеќе од една деценија, кога се емитуваше легендарната серија „Касандра“. По епизодата кога Ранду со нож ја повреди убавата Касандра, многу страсни обожаватели отидоа во болница да даруваат крв за неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.