Почетокот на востанието традиционално се одбележува и во Куманово

Почетокот на востанието традиционално се одбележува и во Куманово, со положување на свежо цвеќе на Спомен костурницата.

Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво „Илинден“-Тирана и  огранокот за Голо Брдо  Ви го честитаме 11 Октомври-Денот на народното востанието. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката.

Денеска, како што е наведено во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.

До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата Македонија, порачува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.