Почесна артилериска стрелба за Денот на независноста

По повод 8-ми септември – Денот на независноста вечерва ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Од Армијата информираат дека во 18:30 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на пет плотуни од артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.