Почесниот конзулат на Албанија во Харков погоден од руски ракети

Зградата во која работеше почесниот конзулат на Албанија во украинскиот град Харков синоќа беше погодена од руски ракети, соопшти Министрството за Европа и надворешни работи.

„Во нападот немаше повредени или жртви. Осудувајќи го нападот, албанскиот конзулат потврдува дека неговиот персонал е безбеден“, се наведува во објавата на Твитер.

Во врска со овој тежок инцидент остро реагираше албанското министерство, наведувајќи дека сторителите мора да одговараат.

„Албанија најостро ја осудува руската агресија што доведе до уништување на почесниот конзулат во Харков. Авторите мора да одговараат. Стоп за руската агресија. Останете со Украина“, се навеудва во реакцијата на албанското Министерство за Европа и надворешни работи.

Албанија е меѓу земјите кои се на рускиот список „земји непријатели кои воведоа санкции против Русија“.