Почетокот на преговорите со ЕУ нема да ги подобри состојбите кога има Влада која е основана на барање за меѓународни истраги на завршени случаи

88

Новата Влада ќе претставува роблем доколку начинот со постапување како со директорот на тетовската болница биде ист, и не може да очекуваме дека почетокот со преговори со Европската унија ќе ги подобри нештата кога имаме Влада базирана на барање за меѓународни истраги за одредени случаи, рече во вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само вистина“ Богдан Илиевски во однос за очекувањата за новата Влада со влезот на Алтернатива.

„Генерално, новата Влада ќе продолжи да биде проблем доколку начинот на функционирање на оваа Влада продолжи да биде ист како со постапувањето со директорот на тетовската болница. Со поднесената негова оставка од морални причини после една таква страшна трагедија, и после речиси три месеца таа оставка не е ефектуирана, односно оној којшто од морални причини рекол дека ќе се повлече сеуште е на таа функција“, истакна Илиевски.

Додаде дека далеку земјата е далеку од влез во ЕУ и не може да очекуваме дека почетокот на преговори со ЕУ ќе ги подобри нештата и доколку има нова Влада којашто се базира за барање за меѓународни истраги за одредени случаи коишто сега се правосилни и сега Алтернатива го реафирмира тоа барање, тоа може да се протолкува како недоверба на правосудниот систем.

„Зоран Заев уште во 2016-та истото го најавуваше за меѓународни истраги за одредени случаи како за случајот ,’Монструм’ за некаква си нова вистина, и согласно методот на функционирање на правосудните органи не откривме никаква нова вистина“, заклучи Илиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.