Почетокот на учебната година ќе биде онлајн, освен за учениците од прво до трето одделение

Почетокот на учебната година ќе биде онлајн со два исклучоци и тоа за децата од прво до трето одделение и на барање на Општините таму каде има помалку ученици наставата да се одвива со физичко присуство. За децата од прво до трето одделение родителите ќе решат дали децата физички ќе присуствуваат во училиштата или наставата ќе ја следат онлајн.

Ова денеска на прес конференција го соопштија министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбр Адеми.

– Образовниот процес е неспорно од значење но не смееме да го занемариме здравствениот аспект. Нашата препорака е училиштата да почнат со настава онлајн со два исклучоци децата од прво до трето одделение, по барање на родителот децата ќе може да следат настава онлај, ќе има избор родителите ќе одлучат, и вториот исклучок на барање на Општините, таму кадешто има мал број на ученици да добијат дозвола наставата да ја организираат со физичко присуство Во наставата со физичко присуство не треба да има повеќе од 20 деца, да се оддржува дистанца, да се носат маски, наставникот да биде постојано со децата. Наставниот кадар и училиштата се целосно информирани за протоколите – рече министерот Филипче по седницата на владата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.