Почина 14-годишно девојче, прва жртва на грипот во Македонија

Четиринаесетгодишно девојче е прва жрвта од грипот во земјава, потврди д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, по информацијата добиена од Клиниката за детски болести, каде што вчера починало девојчето, пренесува плус Инфо.

Како што наведуваат лекарите, девојчето имало и други заболувања.

Неделава има 3.600 новозаболени од груп што е најмногу досега, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училишта за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.