Почина 19-годишна пациентка во битолската болница

19-годишна пациентка од Битолско починала вчера само три часа откако била донесена во битолската болница во многу тешка состојба. Младата девојка била суспектна на коронавирус, но не била тестирана, потврди  Билјана Гагачовска, директорка на болницата.

– Пациентката во нашата болница  беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис – вели д-р Гагачовска.

Во битолскиот ковид центар хоспитализирани се вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.