Почина 20-годишник откако полиција го уапсила, па му се слошило

Вчера почина 20-годишник од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил уапсен од полицијата.

– На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.