Почина 22-годишно момче, врз него паднал тврд предмет

На 13.03.2023 во 10:49 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во село Тлминци, кривопаланелко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М.(22) од село Цветово, скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка и трудов инспектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.