6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Почина 23-годишна скопјанка од коронавирус

Во изминативе 24 часа пријавени се вкупно 17 починати лица од коронавирус.

Најмладата жртва имала само 23 години, најстарата 90.

Меѓу починатите се 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Како што дознава КУРИР, најмладата жртва е скопјанка која неодамна била заразена со коронавирус.

Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.