Почина 7 годишно дете прегазено од трактор

55

Вчера околу 18 часот, седумгодишно дете од Слатино било прегазено од трактор со приколка, додека се враќало од училиште.

Тракторот бил управуван од Џ.И. (55).

Повреденото дете било префрлено во тетовската Клиничка болница, каде била констатирана смрт.

На местот увид извршиле екипи на СВР Тетово и Јавното обвинителство по што се работи на утврдување на причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.