Почина Аида Хоџиќ, советничка во општина Аеродром

Советничката во Советот на Општина Аеродром, Аида Хоџиќ почина.

Веста на Фејсбук ја објави градоначалник, а од неа преку социјалните мрежи се простуваат голем број роднини и пријатели.

-Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни недостигаш Аида. Почивај во мир, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општината, Златко Марин.