Почина актерката Дaјана Риг

Англиската актерка, Дајана Риг почина денеска на осумдесет и двегодишна возраст. Веста ја објави нејзината ќерка, која информира дека актерката починала утрово опкружена во своето семејство.

Во март и’ беше дијагностициран рак, а последните месеци уживаше во обичен живот и беше опкружена со љубов – напиша таа.

Риг се прослави во шеесеттите години со улогата на Ема Пил во шпионската серија „Одмазници“.

Пошироката јавност сепак најдобро ја знае како Лејди Олена Тајрел во хитот на ХБО „Игра на тронови“, иако и таа самата призна дека никогаш не ја гледала серијата.