Почина актерката на Турски театар, Перихан Туна Ејупи

По тешко боледување, на 59 годишна возраст, почина актерката Перихан ТУНА ЕЈУПИ, доаенот на НУ Турски Театар.
Од 1972 година е член на ансаблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број на улоги.

Актерката Перихан Туна Ејупи ќе биде запамтена по многу успешно одиграни улоги.Добитник е на наградата за Најдобро актерско остварување на Фестивалот на Камерен Театар „Ристо Шишков“ 1997 г.Во 2005 година е прогласена за атер на годината.

Попознати актерски остварувања: Коштана во „Коштана“, Зона Занфирова во „Зона Замфирова“, Инџи и Мехтап во „Женички“ и др.

На големото платно ја глуми Џемиле Мамо во „Хајде Бре“ (турска филмска продукција),во турската серија „Збогум Румелија“  ја толкува Муневер, во ТВ серијата „Наше Мало“ ја толкуваше Лејла

Долги години настапуваше на манифестацијата „Актерите пеат“.

Утре петок 27.06.2014 во 10.30 часот во Театар Комедија (стар објект на МНТ) ќе се одржи комеморативна седница а погребот на посмртните останки ќе биде на гробиштата Бутел по пладневната молитва (Чума) околу 13.30.