Почина актерот Бо Хопкинс, познат по „Американски графити“ и „Полноќен експрес“

Актерот Вилијам Бо Хопкинс, познат по филмските класици „Американски графити“ и „Полноќен експрес“ почина во саботата од срцев удар во 80-та година од животот.

„Со голема тага јавуваме дека почина Бо Хопкинс, актер кој сакаше да контактира со сите обожаватели од целиот свет, иако не успеваше да одговори на секој и-мејл последните неколку години“, се наведува на официјалната интернет страница на актерот.

Неговата сопруга за медиумите потврди дека Хопкинс починал во саботата утрото во болница во Калифорнија од последните на срцев удар кој го претрпел на 9-ти мај, пренесува Hollywood reporter.

Во текот на шестдецениската актерска кариера, Хопкинс оствари повеќе од стотина забележани телевизиски и филмски улоги. За нив доби над 130 актерски признанија, а најпознат беше по одличните споредни улоги.

Сестраниот карактерен актер, кој играше и негативни и позитивни ликови, беше омилен меѓу неговите обожаватели, но и меѓу режисерите со кои работеше.

Во филмот на Џорџ Лукас „Американски графити“, Хопкинс го толкуваше Џо Јунг, водач на банда која врши притисок врз ликот Курт, кој го толкуваше Ричард Драјфус.

Последниот филм во кој се појави актерот беше „Хилбили Елеџи“ од 2020 година во кој партнерка му беше Клен Клоуз.