
Актерот Џордан Данбар почина на само 29 години.
Ирскиот актер е познат по улогите во сериите „First Dates Irelan“ и „My Yellow Brick Road”.
Ирската државна телевизија РТЕ ја објави веста за неговата смрт:
-Многу сме тажни што ја слушнавме веста за смртта на Џордан Данбар. Џордан се појави на „First Dates Ireland“, а беше дел и од серијата „My Yellow Brick Road“.
„Прерано замина прекрасен талент. Наше длабоко сочувство до неговите најблиски“ – се вели во соопштението.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.