Почина актерот Питер Робинс, го позајмуваше гласот за Чарли Браун

Актерот Питер Робинс починал на 65 годишна возраст, а тажната вест ја потврди неговото семејство во вторникот.

Питер го позајмуваше гласот за популарниот лик Чарлли Браун, а семејството изјавило дека причината за смртта е самоубиство и дека актерот починал минатата недела.

Робинс имал биполарно пореметување, а затвор поминал пет години откако беше осуден поради закани кон повеќе лица.

Кариерата Робинс ја започнал како дете во 1963 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.