Почина актерот Вилијам Харт

Вилијам Харт, глумецот оскаровец кој глумеше во филмовите „Телесни страсти“, „Големото студенило“ и „Вести“, како и ТВ-серијата „Кондор“, почина на речиси 72-годишна возраст. Синот на Харт, Вил ја потврди веста.

„Семејството Харт жали за смртта на Вилијам Харт, саканиот татко и оскаровец. Тој почина на 13 март 2022 година, една недела пред неговиот 72. роденден. Почина мирно, во кругот на семејството, од природна смрт. Семејството во мигов бара приватност“, се вели во соопштението на семејството.

Трипати номиниран за „Оскар“ за најдобра машка улога, Харт го освои го освои признанието за филмот „Бакнежот на жената-пајак“ од 1985 година. Истата година, ја доби и американската театарска награда „Тони“ Бродвејската претстава „Хурлиберли“.

Глумеше и во 100-ина други филмски и ТВ-проекти. И покрај неговата слава, Харт изјавуваше дека не му годи холивудскиот начин на живот.

– Не ми е удобно. Не сакам да одам по црвениот тепих во свечен костим и да гледам жени со кренати гради и мажи облечени како пингвини, рече Харт во едно интервју.

Во 2018 година, нему му беше дијагностициран рак на простатата во неизлечива фаза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.