Почина јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое

Јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска неговата издавачка куќа „Коданша“.

Ое беше еден од најзначајните книжевни творци во Јапонија по Втората светска војна. Неговите дела се занимаваат со политички, социјални и филозофски теми, како што е нуклеарното оружје, невклопувањето во општеството и егзистенцијализмот. Тој ја доби Нобеловата награда за литература во 1994 година, а беше познат и како застапник јапонскиот на пацифистички устав и борец против нуклеарната енергија, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.

Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година Ое се занимава со прашањето за децата со попреченост и семејството. И самиот имал син со попреченост. Меѓу неговите попознати романи е и „Тивко плачење“ од 1967 година – дело што ги преплетува митовите и историјата на јапонските шумски села со совремието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.