Почина архиепископот на Кипарската православна црква Хрисостомос Втори

На 81- годишна возраст, водејќи битка со ракот, рано утрово почина архиепископот на Кипарската православна црква Хрисостомос Втори, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјално медицинско соопштение од четворица лекари, „неговото Блаженство се упокои мирно, откако со храброст, трпение и христијанска издржливост се соочи со неговата болест“.

Хрисостомос Втори 16 години беше поглавар на Кипарската православна црква откако во ноември 2006 година беше избран за архиепископ.

Според кипарските медиуми, митрополитот Георгиос од Пафос ќе ја преземе функцијата се додека да се избере нов архиепископ.