20.8 C
Skopje
недела, мај 26, 2024

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Јавноста остана во шок и неверување откако се прошири веста за смртта на  бодибилдерот Мирко Петровски.

Македонскиот професионален бодибилдер почина на 47-годишна возраст.

Тажната вест на фејсбук ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо.

“Сеуште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој“ напиша Панчо

Причината за смртта сè уште не е позната.

Петровски зад себе ги остави сопругата Светлана и деветгодишниот син