Почина босански министер од Ковид-19

34

Министерот за заштита на правата на борците на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ, утрово почина на Клиниката за болести на белите дробови на Клиничкиот центар во Сараево. Тој беше примен во болницата пред околу десетина дена, откако беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот.

 Здравствената состојба на Букваревиќ се влоши во понеделникот, тој беше на терапија со кислород во претходните денови, но тоа не беше доволно заради силното воспаление на двете белодробни крила, објави порталот Кликс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.