Почина Чарлс Симиќ, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017 година почина на 85 години. Веста за смртта на Симиќ, кој беше добитник и на Пулицеровата награда беше објавена на социјалните мрежи.

Симиќ беше роден во Белград во 1928 година и беше еден од најзначајните современи светски поети и есеисти. Од Белград, емигрирал во Париз, па заедно со семејството заминале во САД во 1953 година.

Тој е добитник и на наградата „Едгар Алан По“, на Грифиновата награда, „Валас Стивенс“, потоа на Американската акдемија и многу други најврвни светски награди за книжевност. Бил член на неколку интернационални здруженија, а во 199 година станал член на Американската академија за умтеност и книжевност.

Од 1999 година напишал 175 есеи и песни за „Њујорк ривју“.

Трипати бил во Македонија, во Струга во 1972 и 2017 година, а во Скопје во 1982 година.

Во интервју за „Република“ тој изјави дека откако добил „Пулицер“, критичарите рекле дека тоа е крај на западната цивилизација.

Многу научив за поезијата кога се запознав со Антологијата на словенската поезија. Што се однесува до моделот на преведување постојат различни. Тешко е кога поетот е целосно е вкоренет во сопствениот јазик. На пример неколку пати се обидов и никако не можев да ја завршам една песна. Сметам дека идеалниот превод е невозможен. Ме потсетува на времето кога почнав да играм шах. Се сеќавам дека во тоа време во весниците имаше шаховски проблеми. Ги сечев, ги закачував на ѕидот над креветот и долго ги разгледував, размислувајќи дека се невозможни или пак дека е некаква грешка. По неколку дена ми се случуваше да станам и ќе го видев решението. Така е и со преводот. Преводот е мат во два потега, кажа меѓудругото во интервју „Република“ Симиќ .