Почина човек во Катланово, откако паднал во необележана шахта за одвод

68-годишен човек загинал утрово во Катланово, кога паднал во „необележана ископана шахта за одвод“, соопшти МВР.

„На 21.04.2023 год. околу 10 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал. Од лекар од итна помош констатирана е смрт“, информира полицијата.

„Телма“ објави дека загинатиот Ангеле Ангеловски скршил еден од вратните пршлени при кобниот пад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.