Почина Цветан Мазнику, првиот претседател на Македонската заедница во Албанија

Во седумдесет и седмата година од животот во Тирана почина Цветан Мазнику, првиот претседател на Македонската заедница во Албанија и еден најголемите поборници за правата на Македонците што живеат во оваа земја.

Цветан Зафир Мазнику, роден е во 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Драч а дипломирал на Факултетот за рударство во Санкт Петербург(Ленинград). Две децении работел во рудникот во Подградец а исто толку и во Институтот за истражување во тирана. Од 1990 година активно почнал да го собира народно творештво од областа на Голо Брдо. Автор е на повеќе дела кои го опфаќаат богатото културно и духовно богатство на Македонците во Голо Брдо.

Како еден од основачите на македонското друштво “МЕД” на почетокот на 90-те годнини на минатиот век и првиот претседател на Македонската заедница во Албанија даде голем придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на националниот идентитет. Заедно со други Македонци издаоа шест книги „ Голобрдски фолклор“кои се од огромен придонес за заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија.

Телеграми со сочувство до семејствата испратија македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција и македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.