Почина дете во автомобил, бидејќи таткото заборавил да го остави во градинка

Во заклучен автомобил во Книн, Хрватска, почина 5-годишно момче.

Безживотното тело на момчето е пронајдено на паркинг.

Се работи за петгодишно момче од Книн. Смртта на детето е шокантна сама по себе, но деталите се уште поужасни.

Таткото, мајката и детето тргнале од дома со автомобил. Таткото, инаку војник, ја оставил мајката на работа, а потоа пред да оди тој на работа, требало да го однесе синот во градинка.

Но, момчето не стигнало во градинката.

Имено, таткото отишол на работа, не сфаќајќи дека детето спие на задното седиште.

Отишол на работа и го заборавил момчето во автомобилот. Паркирал и отишол на работа.

Момчето останало на задното седиште од автомобилот заклучено. Температурата во Книн денеска била 28 степени Целзиусови, во сенка. Со оглед на тоа што паркингот е во близина на градилиште можно е момчето и ако се разбудило никој да не го слушнал. Задните стакла на автомобилот се затемнети, па можеби и никој што фрлал ѓубре во блиските контејнери не го видел.

Мајката отишла во градинка во 15 часот, но таму рекле дека детето воопшто не било донесено во градинката. Таткото бил уверен дека е таму, па се прегледувале и надзорни камери.

Кога сфатил дека детето е во автомобилот, тој отрчал таму и го нашол момчето кое се обидел да го реанимира, но било предоцна.
Таткото се онесвестил покрај автомобилот, а лекари од итната помош само констатирале смрт кај момчето.
Таткото е под истрага.