Почина доктор Ненад Панов од Кочани од Ковид-19

Триесет и деветгодишниот абдоминален хирург Ненад Панов од Кочани е најновата жртва на ковид-19 и покрај напорите на медицинските лица да ја подобрат неговата здравствена состојба.

Панов ја загуби тринеделната битка со болеста на една од приватните клиники во Скопје, откако во текот на ноќта имал две реанимации и состојбата му се стабилизирала. Сепак, рано изутрината лекарите го известиле семејството дека починал.

„Со голема тага ја примивме трагичната вест за ненадоместливата загуба на нашиот пријател Нено, кого ќе го паметиме како насмеан и ведар лик, подготвен секогаш да помогне“, напишаа на социјалните мрежи неговите колеги од спортско-риболовното здружение од Кочани, во кое тој беше активен член.

Панов беше почитуван семеен човек, кој зад себе остави две малолетни деца. а граѓаните на Кочани се солидаризираа во прибирањето финансиска помош за неговото лекување.