Почина еден од основачите на „Рокери с Мораву“

Како последица на коронавирусот на 76-годишна возраст почина Бранислав Анѓеловиќ Бане, еден од основачите на популарната југословенска група „Рокери с Мораву“. Веста на социјалните мрежи ја потврди неговата најмлада ќерка Дијана.

– Рано утрово го загубивме татко ми Бане, музичка легенда на Балканот. Имаше операција на колкот, меѓутоа, се зарази со ковид-19, а компликациите доведоа многу брзо до негова смрт. Бане ќе го паметат милиони фанови, од неколку генерации, кои сите уживаа во скечевите на „Рокери с Мораву“ и рок-фолк пародиите по кои беа добро познати. Тато, се надевам дека ќе почиваш во мир и ќе си на подобро место – напиша Дијана.

https://www.youtube.com/watch?v=TnwgLYb_AjM&feature=emb_title

Групата се појави на југословенската музичка сцена во 1977 година со песната „Стојадинка овце шиша“. Анѓелковиќ познат во јавноста како Бане Ќоро ја напушти групата по 11 години заедничка работа. Тој со години не се појавуваше во јавноста и малку се знае за неговиот живот по напуштањето на групата. Но, песните кои ги направи со „Рокери с Мораву“ и денес се големи хитови: „Дај рибу“, „Мали Милоица“, „Удао сам ташту у Бајину Башту“, „Турио Љубиша пиво да лади“, „Жеље, честитке и поздрави“, „Сењорита порфавор“ и други.