Почина еден од преживеаните кадети во уривањето на украинскиот воен авион

Еден од двајцата преживеани кадети во несреќата на воениот авион „Ан-26“ во Харковската област им подлегна на повредите, соопшти во саботата службата за вонредни ситуации на Украина.

Според последните податоци, вкупно загинале 23 лица, еден кадет е хоспитализиран во тешка состојба, а сѐ уште се трага по три лица.

Изминатата ноќ во текот на тренажен лет, воениот транспортен авион од типот „Ан-26“ со седум членови на екипажот и 20 подофицери, се урна во близина на градот Чугуев, на североистокот од Украина. Во последен момент двајца питомци успеале да излезат од авионот.

Истражните органи отворија кривична истрага за кршење на правилата за летање и подготовка на лет. Засега се разгледуваат четири верзии за трагедијата: технички дефект, грешка на екипажот, грешка на контролорите на летот и проблеми со одржувањето на леталото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.