Поранешниот Голем мајстор на Малтешкиот витепки ред, Метју Фестинг почина на Малта на 71-годишна возраст, објави во неделата италијанскиот весник Corriere della Sera во чија информација се наведува дека Фестинг чувстувал слабост и починал во петокот на 12-ти ноември.
Според весникот, Фестинг, кој инаку е претставник на шкотски аристократски род, избран во 2008 година е единствениот челник на најстариот католички витешки ред кој беше принуден да поднесе оставка и да се пензионира во 2017 година. Должноста на Големиот мајстор, како што гласи титулата, вообичаено се извршува доживотно.
Оставката на Фестинг беше поврзана со внатрешната и длабоката институционална криза на Малтешкиот ред кој има 900-годишен историјат. Како што своевремено пишуваа медиумите, а потоа го потврди и самиот ред, оставката била изнудена со барање на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Иако редот има суверенитет, Папата е врховниот духовен и верски авторитет и назначува свој претставник кој го надгледува редот.
Причината за барањето оставка на тогашниот челник на редот од страна на папата Франциск беше непослушноста на Фестинг кон наредбата на Светата столица, односно Големиот мајстор одби да соработува со истражната комисија формира да ги испита околностите во кои од должноста на канцелар на Малтешкиот ред беше отстранет Албрехт фон Безелагер.
На последователните избори Џакомо Дала Торе дел Темпио ди Сангвинето беше избран за locum tenens (местодржител – вршител на должност) во текот на една година, а потоа и за нов Голем мајстор. Тој ненадејно почина во април 2020 година. Во ноември истата година фра Марко Лузаго беше избран за locum tenens на Големиот мајстор на Малтешкиот ред за период од една година. Датумот на новите избори сѐ уште не е одреден, но се очекува да се одржат следните месеците „по одобрувањето на уставната реформа“ започната од фра Џакомо Дала Торе.
Малтешкиот ред, кој има статус на суверена држава, има и статус на набљудувач во ОН и во Советот на Европа. Одржува дипломатски односи со 106 држави, вклучително и со македонската. Главната насока на неговите активности се добротворните организации, вклучително и во областа на медицинската нега.