Почина една од клучните фигури во скандалот на Клинтон и Левински

(AP Photo/Khue Bui)

Поранешната службеничка во Пентагон, Линда Трип, една од клучните фигури во скандалот за вонбрачната врска на 42-от американски претседател Бил Клинтон и стажантката во Белата куќа, Моника Левински, починала во средата на 70-годишна возраст, пренесе телевизијата CNN.

Роднини на Трип прецизирале дека пред неколку дена ѝ бил дијагностициран рак на панкреасот. Претходно таа била лекувана од карцином на дојката.

Трип, како пријателка на Левински, во 1997 година тајно ги снимала телефонските разговори со неа. Во текот на овие долги разгвори, Левински зборувала за нејзината интимна врска со Клинтон, а тие снимки Тримп потоа ги предала на специјалниот обвинител Кенет Стар, со што е овозможено започнување на процедурата за импичмент за Бил Клинтон.

Трип подоцна беше обвинета за злоупотреба на довербната на нејзината пријателка, а Левински за медиумите изјавуваше дека ја замразила. Самата Трип повеќепати во интервјуа истакнуваше дека не жали поради својот чин.

„Без оглед на тоа што се случи во минатато, откако дознав дека Линда е сериозно болна, се надевав дека ќе се опорави. Не можам да си претставам кулку му е тешко сега на нејзиното семејство“, напиша во средата на Twitter Левински.

Во 1998 година Претставничкиот дом на американскиот Конгрес покрена обвиненија против Бил Клинтон за лажно сведочење и попречување на правосудството, што требаше да биде основа за негово отповикување од должноста. Тогаш демократското мнозинство во Сенатот го ослободи претседателот од одговорност.

Трип од 1994 година работеше за Пентагон,а во јануари 2001 година ја загуби работата и речиси 100.000 американски долари годишна плата кога стапи на сила администрацијата на Џорџ Буш. Потоа, Трип го тужеше Министерството за одбрана, тврдејќи дека официјален претставник на Пентагон во 1998 година му дал на весникот The New Yorker доверливи лични информации за неа и како дел од спогодбата постигната кон крајот на 2003 година, добила повеќе од 595.000 американски долари ретроактивно, унапредување и поголема плата за последните три години работа.