Почина Енди Гил, фронтмен на бендот Gang Of Four

Енди Гил, фронтменот на британсата пост-панк група Gang Of Four почина на возраст од 64 години, објави во саботата BBC.

Колегите од бендот ја објавија веста за смрта на основачот и гитарист на Gang Of Four, објавувајќи: „Деенска почина нашиот голем пријател и врховен водач“.

Гил имал респираторни проблеми по завршувањето на минатогодишната азиска турнеја на Gang Of Four, додадоа, но не е наведена прилината за смртта.

„Неговата бескопромисна уметничка визија и посветоноста на работата, значеа дека тој сѐ уште ги слушаше миксовите за претстојните снимки, планирајќи ја следната турнеја од својат болнички кревет“, додаваат музичарите.

„Оваа болка е цената на извонредната радост, речиси три децени со најдобриот човек на светот“, напиша на Twitter неговата сопруга Кетрин Мајер.

Непосредно пред смртта на Гил, Gang Of Four, го завршија снимањето на новиот студиски албум, а последната турнеја ја завршија во ноемри 2019 година.