Почина Флоријан Шнајдер, еден од основачите на култните Kraftwerk

Флоријан Шнајдер, член и еден од основачите на легендарниот електронски музички состав Kraftwerk, почина во 73-та година од животот.

Веста во средата за британскиот весник The Guardian ја потврдил еден од музичките соработници на Шнајдер, откривајќи дека музичарот починал пред една седмица и оти имал приватен погреб. Веста подоцна ја потвердил и Сону Берлин.

Германскиот музичар Флоријан Шнајдер, кој во 2014 година ја доби наградата Греми за животно дело, беше најпрепознатлив како еден од основачот на бендот Kraftwerk, формиран во 1970 година.

Kraftwerk беа едни од предводниците на германската музичка сцена на почетокот од седумдесеттите години од минатиот век, обединета околу називот „краутрок“, како и пионери на електронската музика воопшто во светот.

Бендот претставуваше инспирација за многу светски музичари, како Дејвид Боуви и Геру Њуман, како и за музичките состави како The Human League, Daft Punk и Depeche Mode, поради што беа нарекувани и „битлсите на електрониката“.

Шнајдер ги напушти Kraftwerk кон крајот на 2008 година, а Ралф Хутер, другиот основач на бендот, продолжи да настапува со Хенинг Шмиц, Фриц Хилперт и Фалко Грифенхаген.

Kraftwerk подоцна годинава планираа концертна турнеја проследена со тридимензионални визуелизации по повод 50-годишнината од основањето, но беше одложена поради пандемијата на коранвирусот.

 

Шнајдер во бендот свираше синтисајзер, вокодер, флаута, саксофон и други инстументи, и беше еден од вокалите.

Шнајдер, син на познатиот германски повоен модернист Пол Шнајдер Еслебен, со Kraftwerk сними десет албуми, меѓу кои критичарите го издвојуваат Autobahn (1974), Radio-Activity (1975), Trans Europa Express (1977), Mаn-Maschine (1978) и Tour De France (2003).