Почина француската актерка Натали Делон

Актерката Натали Делон, која играше во култниот филм „Самурај“ на Жан-Пјер Мелвил со тогашниот сопруг славниот Ален Делон, почина во четвртокот во Париз на возраст од 79 години, соопшти за агенцијата AFP нејзиниот син Ентони Делон.

„Мојата мајка почина утрово во Париз во кругот на семејството. Ракот брзо ја усмрти“, изјавил Ентони, кој е син на Натали и Ален Делон кои беа во брак од 1964 до 1968 година.

Пошироката јавност ја памети како Жан, партнерката на Ален Делон во „Самурај“ од 1967 година, снимен според романот „Ронин“ на Гоан Меклеод, кој го следеа контроврзи околу автентичноста на авторот и периодот во кој настанал.

Натали Делон имаше споредни улоги во триесетина филмови снимени во текот на 1980-те години. Во 1982 година ги режираше филмовите „Некои тоа го нарекуваат среќа“ и „Слатки лаги“ во 1986 година, а мемоарите ги објави во 2006 година.