Почина Георги Боев, првиот и единствен министер за спорт на Македонија

108

Почина првиот и единствен министер за спорт во Република Македонија, Георги Боев (84). Тој беше дел од владиниот кабинет на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски формиран во 1998 година. Боев беше член на ВМРО ДПМНЕ.

Георги беше редовен професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје на катедрата по гимнастика.

Погребот ќе се изврши утре, 30 октомври, во 11 часот на градските гробишта во Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.