Почина главниот финансиер на Републиканската партија Дејвид Кох

Американскиот милијардер и еден од најбогатите луѓе на светот, Дејвид Кох, почина во 79 година од животот, објави Си-Ен-Ен.

Кох е познат и по тоа што е еден од главните поддржувачи и финансиери на Републиканската партија во САД.

Тој со својот постар брат Чарлс, ја создаде фамилијарната финансиска империја, конгломератот „Кох Индустрис“.

Браќата Кох се најпознати по своето политичко влијание преку финансирање на фондации и групи кои промовираат слободен пазар и мал владејачки апарат.

Тие се едни од промоторите и основачи на т.н. група ,,Чајанка“, во рамки на Републиканската партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.